Вечерва е спектакл, вечерва е дербито на четвртфиналето во Лигата на Шампионите. Меси против Левандовски, Барселона против Баерн Минхен.

Полскиот „убиец“ на противничките мрежи е во супер форма, важи за најдобрата класична “деветка“ во Европа. Дали ќе биде така супериорен и вечерва, е, тоа ќе видиме.

Инаку тајната на успехот на Левандовски е во неговата сопруга, така велат тие што добро го знаат.

Клучот е во Ана Стачурска, нутриционистка и каратистка.

По нејзин совет Роберт сега подолго останува во теретана, практикува јога, а има и посебни оброци кои почнуваат со десерти. Занимлив детал, имено секогаш, ама секогаш туна е на менито за доручек. Во деновите пред натпреварите се избегнува глутен, лактоза, јаглени хидрати и глукоза. По мечот оброкот мора да биде со авокадо, многу овошје, одредени количина црно чоколадо.

Самиот Левандовски искрено признава дека некогаш не ни знае што има во чинијата, но вкусот е тука. Полјакот во оваа сезона според головите сезонава е пред Меси и Роналдо, а вечерва ќе има можност против Барса сето тоа да го потврди.