Супер голови, од кој оној на Танушев беше ремек-дело, потоа тензии, пресврти, борвеност и желба за победа. На крај 2:2, се чини реален исход на се она што го видовме во Кратово на мечот од 2.коло во ПМФЛ меѓу Силекс и Пелистер. И одново, она што го стори напаѓачот на Пелистер во финишот на мечот, во таа 76 минута навистина беше фудбалска мајсторија. Одлево, од околу 20 метри постигна ефектен гол за паметење.

Се на се убаво фудбалско попладне во Кратово, во мечот кој го отвори 2.коло од новата сезона.