Силекс и Пелистер одиграа без победник (2-2) во рамките на првиот дуел од второто коло во ПМФЛ. Стратегот на Пелистер, Зоран Штерјовски по мечот во Кратово вели дека мора да бидат задоволни со резултатот, но и дека ќе мора да работат многу повеќе за да бидат подобри и посигурни. 

Тоа беше интересна прволигашка средба. Ние мораме да бидеме задоволни од овој резултат. Силекс беше поконкретен, ја имаше топката во свој посед речиси во целиот меч, имаше иницијатива бше физички понадмоќен. Ние на моменти бевме плашливи и индолетни, имавме проблем во градење на играта. Се гледа дека мора уште многу да работиме, но пак ќе повторам, ова е добар резултат за нас“ изјави Штерјовски за СПОРТМЕДИА.