Агенцијата за млади и спорт во овој момент нема директор и можно е на истата позиција да дојде ново име.

Досегашниот Дарко Каевски се најде на листата на пратеници на СДСМ за време на предвремените парламетарни избори. Ова значи дека Каевски во моментов не може да ја извршува функцијата, промена која доаѓа автоматски по службена должност.

Доколку неговата партија создаде Влада во следните 20 денови и притоа Каевски остане како пратеник во тој случај Агенцијата за млади и спорт ќе добие во нов директор. Доколку од неговата партија донесат спротивна одлука, односно го тргнат од пратеничката листа, тогаш ќе може да се врати на старата работа.

Во моментов сите главни задачи ги извршува заменик-директорот, Измит Нура.

Каевски за нов директор на АМС беше назначен во јуни 2017 година, дојде на местото на Марјан Спасески.