Ретко видена слика како еден од најдобрите фудналери на сите времиња, Лионел Меси седи тажен со главата надолу без да крене поглед. Имало два или три моменти во неговата кариера што биде повод за такво нешто, а еден се случи вчера, во дебаклот на Барселона од Баерн од 2:8.

Катастрофата која ја снајде Барселона е огромна, којзнае што се ќе следи по овој дебакл, а сигурно дека Лионел Меси нема да дозволи повторно светот да се потсмева на него и на неговиот тим. Меси и Барселона се преголеми, оставија преголем траг во светскиот фудбал изминативе години за да им се случи она што им се случи вчера.