Гостивар во новата сезона исто ќе влезе со високи амбици. Челниците на клубот во изминатиот период ја продолжија соработката со голем дел од кошаркарите кои беа носители на играта.

А се чини дека стратегот Марјан Србиновски планира наскоро да ги собере момците и полека да стартуваат со подготовките за новата сезона чиј старт не е дефиниран, истиот ќе зависи од ситуацијата со пандемијата коронавирус. Ова прашање останува неразјаесното, КФСМ имаше еден состанок со прволигашите, се очекува сите заедно да ги засукаат ракавите и да почнат да градат стратегија.

Во меѓувреме додека се чекаат подефинирани ставови, Гостивар го пречека Американецот, Малком Армстед. Овој кошаркар дојде во февруари, но поради „Ковид-19“ не се наигра, но челниците на клубот му понудија нова соработка која ја прифати без двоумење.