Даниел Аврамовски ја прифати понудата на Кајзериспор и во наредниот период ќе го носи дресот на овој турски прволигашки клуб.

СПОРТМЕДИА за ваков можен развој на настаните пишуваше уште на 7 август, дека Кајзери е силно заинтересиран за најдобриот играч во ПМФЛ за минатата сезона и најдобар стрелец, секако и репрезентативец на Македонија. Ова го јавуваат медиумите во Турција а и дел од клупските страници и ТВ на Кајзери. Аврамовски во Кајзери оди како слободен играч, се споменуваат некои суми од 150.000 до 200.000 евра по сезона за него, но веројатно тоа се само шпекулации. Аврамовски се поврзуваше со уште неколку клубови, но изгледа дека Кајзери победи и успеа да го зграпчи  популарниот Цујо. Сега останува само на официјалната промоција.

Да кажеме и тоа дека пред два дена Вардар и Аврамовски и дефинитивно се разделија, иако вардарци се надеваа дека популарниот Цујо и натаму ќе го носи „црвено – црниот“ дрес.