Чудни се фудбалските патишта. Заедно како деца тренирале во Челзи, двајца станале ѕвезди во Премиер-лигата а третото сега е монтер на прозори.

Оваа фотографија е направена пред неколку години кога сите три дечиња биле во Академија на Челзи. Крајно лево е Мејсон Маунт, тој во средина е Кристијан Пулишиќ, а десно е извесен Том Карлтон, кој сега игра во аматерскиот клуб Херн Беј, а работи како монтер на прозори.

Не знаев дека Пулишиќ бил кај нас во Челзи. Тој бил на проба, но не успеал и се вратил во САД. Потоа од Дортмунд дојде на Стемфорд Бриџ. Кога сте во тие години сите сте исти, потоа дознавате кој успеал во фудбалот а кој не“, се зборовите на Карлтон, тој монтерот на прозори.