Металург денеска нема обврски на струшкиот турнир, па дел од слободното време, ракометарите заедно со стручниот штаб и претседателката, Зорица Блажевска го минаа за прошетка низ Охридското Езеро.

Според фотографиите навистина уживаат. Денешниот слободен ден дојде во вистинско време, ракометарите ќе можат да ги наполнат батериите за утрешната пресметка за третото место.

“Не награда, само забава”, пиша Блажевска на својот Фејсбук профил.