За првпат во својата историја, престижниот Лекип на еден тренер по одигран натпревар му даде оценка 1 (единица). Тоа е оценката за учинокот на тренерот на Барса Кике Сетиен. Со ова се е кажано. Додека стратегот на Баерн Ханси Флик, оценет е со 9. Деветка доби и Томас Милер и е прогласен за играч на натшреварот.

На графиката можете да ги видите оценките на сите акктери од мечот во кој Баерн со 8:2 ја понижи Барселона. Лекип смета дека најголем виновник за оваа бламажа на каталонците е тренерот Кике Сетиен, и во право се новинарите и уредниците на овој француски весник.

Среќа што нема нула (0), можеби таква оценка требаше да добие тренерскиот аналфабет, кој веќе е историја за Барселона.