Нестварно. Ова е првиот заклучок што можеме да си го донесеме по синоќешната „ЕКСПЛОЗИЈА“ на баварците против Барселона во рамките на четвртфиналето во ЛШ. Да се победи еден Меси и неговиот тим со 8:2, а релно требаше да биде уште повеќе, е тоа го можат само големите мајстори на фудбалската игра, како оние на Баерн Минхен и нивниот тренер Ханси Флик.

Инаку некој се погрижил да внесе малку статистика на оваа победа на германскиот шампион, па препорачува да се анализираат тие шест работи кои победата на Баерн над Барса ја прават уште поголема.

Баерн оваа сезона досега во ЛШ, тука мислиме и на мечевите од групната фаза одигра 9 меча, забележа 9 победи и постигна 39 голови. Ова е ФАНТАЗИЈА…

-Баерн Минхен првпат во својата историја на еден меч во ЛШ постигнал осум голови. И тоа не на некој си било кој клуб во групната фаза, туку во ¼ финалето и тоа на Барселона.

-Никогаш до сега Барса не примила шест голови, а уште помалку осум. И никогаш до сега во ЛШ Барселона не примила четири голови во едно полувреме.

-На овој меч урнат е рекорд во брзина на постигнување на четири голови во нокаут фазата во ЛШ. Синоќа Баерн за 31 минута постигна четири голови, и го урна сопствениот рекорд од пред пет години кога на Порто за 36 минути му даде четири голови.

-Томас Милер во пет натпревари во ЛШ на Барселона и даде вкупно шест голови

-Баерн во последните 28 меча, во сите натпреварувања, има 27 победи и само едно реми. И тоа реми против Лајпциг, полуфиналистот во ЛШ.

Овој Баерн Минхен е МАШИНА…