Вардар чекори сигурно кон финалето, местото треба да го потврди денеска против Бутел Скопје (21:15 часот). Ракометарите на актуелниот европски првак во првите две кола имаа лесна задача, играа против Охрид и Е.Пелистер 2.

На вчерашната средба против битолскиот тим, поради големата разлика во квалитетите, Стевче Алушовски комбинираше, шанса добија помладите…Дел од главните носители на играта добија поголем одмор, меѓу нив беше и капитенот, Стојанче Стоилов.

Оние го излегоа на терен покажаа дека „црвено-црните“ располагаат со широк „арсенал“ на оружје, прилагоден за секој противник.

На Вардар дефинитивно му треба вистински предизвик, па првиот посериозен тест за силите ќе го има во недела против Е.Пелитсер, тимот кој најавува дека оваа сезона ќе ја освои титулата.