Во меѓувреме додека и натаму читаме најразлични реакции по вчерашниот дуел меѓу Барселона и Баерн Минхен, стигнуваат статистички податоци. А тука во центарот на вниманието е Роберт Левандовски.

Полјакот не само што влезе во историјата на бундес-лигашот како прв играч кој постигнал гол на осум меча по ред во Лигата на шампионите, тој дојде до уште едно големо остварување.

Левандовски дојде до 50. погодок во дресот на Баерн во ЛШ, за што му беа потребни 60 меча. Единствен играч пред него е Кристијано Роналдо. Португалецот за Реал Мадрид има 50 гола во исто толку одиграни натпревари.