Емре Белозоглу, еден од најдобрите турски фудбалери во историјата објави крај на фудбалската кариера.

Наредниот месец ќе полни 40 години, и рече доста е од фудбалот.

Како дете имав само еден сон-да станам фудбалер. Немав други соништа. Велат дека соништата треба да ги следи голема работа, а мене Бог ми даде и повеќе од она што сонував“ истакна легендарниот турски фудбалер.

Тој по објавувањето дека се повлекува им се забагодари на соиграчите на Фенербахче, а им се заблагодари и на сите тренери, раководства на клубовите и соиграчите и на останатите клубови каде играше, како Интер, Њукасл,Галатсарај, Атлетико Мадрид, Башакшехир.