Вечерва во 21 часот, на стадионот “Хозе Алваладе“ во Лисабон, се игра и последниот четвртфинален дуел во Лигата на Шампионите. Се среќаваат Манчестер Сити и Лион. И додека цел свет се уште говори за тоа што се случуваше синоќа на мечот меѓу Барса и Баерн, овој меч како да е во сенка.

Пеп Гвардиола и неговите “граѓани“ се фаворити, тука нема збор, но треба да се знае дека тој Лион во осминафиналето го елиминира еден Јувентус. Се разбира дека Пеп е стратег со преголем квалитет и искуство за да си дозволи таков луксуз и го потцени францускиот тим. Победникот од овој меч во полуфиналето се среќава со СТРАШНИОТ Баерн Минхен. Во случај да оди Лион тогаш како никогаш досега во полуфиналето ќе имаме две германски и две француски екипи, но Сити иако без Серхио Агуеро би требало да ги расипе тие математики.

Можеме само да претпоставиме каков тоа спектакл ќе биде меѓу Пеп и Баерн Минхен во полуфиналети, неговиот поранешен клуб.

Досега во полуфиналето се пласираа ПСЖ, Лајпциг и Баерн Минхен.

Можните состави во текот на целиот ден се шпекулираа, и Пеп и Руди Гарсија секако дека нема шанси да ги откријат предвреме картите. Па така ќе почекаме на официјалните кои ќе излезат околу 20 часот, а може и порано.