Кике Сетиен. Тој е тренерот кој со црни букви се запиша во историјата на Барселона. Тој го водеше тимот кој загуби со историски 2:8 и тоа во четвртфинале во ЛШ. Тоа е човекот кој и ја донесе најголемата бламажа, најголемата БРУКА во вековната историја на клубот. После онаа синоќешна “осумка“ од Баерн Минхен во каталонската гордост веќе никогаш нема да биде исто. Барса во изминатите децении, посебно во изминатите 15 години беше клуб за респект. Освојуваше се што ќе и дојдеше при рака. Беше повеќе од клуб. Но за се има свој крај. А на крајот свој печат и потпис стави еден таков фудбалски аналфабет како што е токму Кике Сетиен.

И сега вест треба да биде дека тој Кике добил отказ? Како да не! Тоа се подразбира, тука нема дилеми. Тој не требаше воопшто ни да доаѓа на “Камп Ноу“,но затоа ќе треба свој одговор да даде претседателот Бартомеу. Кике прво ја загуби титулата во Ла Лига, а потоа доживеа срамна елиминација во ЛШ, и тоа за само неколку месеци.

И сега што?

Сега пред Барселона е ремонт, во буквална смисла на зборот. Од Бартомеу, па се до Меси. Најдобро за сите е Аргентинецот да си оди од Каталонија. Веќе нема смисла. Се понатаму ќе биде, пред се за него, голема трагедија. Па видите на што личи Меси во соблекувалната по мечот со Баерн.

Маурицио Покетино или Чави? Еден од тие двајца се споменуваат како можни кандидати за наследник на оној Кике Сетиен. Искуство и квалитет или пак детето на Барса. Тоа се Покетино и Чави.

За што ќе се одлучат каталонците?