Дали после Дрита, сега на ред е Локомотива Загреб да биде исфрлена од квалификациите во Лигата на Шампионите. Имено новиот клуб на Џемал Ибиши, сега веќе екс вардарецот кој пред неколку денови и официјално стан член на Локомотива Загреб, има големи проблеми со позитивни на коронавирусот. Сега засега се петмина, но се шпекулира дека таа бројка ќе биде уште поголема. Колку за потсетување, Дрита беше исфрлена само поради двајца позитивни во прелиминарната рунда од квалификациите. Локомотива Загреб пак треба да игра во 2.квалификациско коло и тоа против Рапид Виена на 25 август.