Попладнево со почеток во 17 часот на Арената во Скопје, Работнички ја дочекува Беласица во вториот меч од ова 2.коло во ПМФЛ. Вчера во Кратово домашниот Силекс и Пелистер одиграа 2:2, додека за утре се закажани преостанатите четири натпревари.

За Работнички тимот на Беласица ќе биде вториот предизвик, после оној пораз во Ѓорче и тоа со примен гол во последните секунди.

За тоа што може да се очекува од Работнички против струмичани, свој коментар има офанзивецот на “романтичарите“ Петар Петковски.

“Факт е дека имавме несреќен финиш во Ѓорче. Во текот на минатата недела работевме на отстранување на грешките, а тој натпревар покажа дека мораме да ја задржиме концентрацијата во текот на целиот натпревар. Научивме дека секоја грешка скапо се плаќа. Сега сме фокусирани на дуелот со Беласица кој се игра попладне на наш терен. Бидете уверени дека нема да не залаже тоа што струмичани во неделата загубија од Силекс и повеќе од убедливо. Максимално сме внимателни,но и мотивирани да одиграме квалитетен натпревар со цел да ги освоиме првите бодови во новата сезона“ изјави Петковски за клупската страна.