Хасан Салихамиџиќ конечно може влице да им каже се на сите оние кои го критикуваа сиот овој изминат период околу неговата трансфер политика.

Спортскиот директор на Баерн конечно се огласи по синоќешниот спектакуларен меч на Баварците кои го „сомлеа“ тимот на Барселона и се дел од полуфиналето на Лигата на Шампионите.
„Горд сум на овој тим. Горд сум на сите кои се дел од него. Горд сум и на навивачите кои мораа да останат дома, но знам дека се со нас. Среќен сум што ја сподеил оваа прекрасна ноќ заедно со сите нив. Сепак, не сме завршиле се. Добро знаеме што не чека, што е прад нас. Не чека уште работа, но се радуваме на се што претстои“ – изјави Салихамиџиќ.