Луис Хамилтон, светскиот првак во Формула 1 покажа дека е во добра форма и попладнево на патеката во Каталуња, на која беше најбрз и со тоа дојде до полпозицијата за утрешната трка на ГН на Шпанија. Втор ќе стартува неговиот тимски колега Валтери Ботас, трет е Макс Верстапен од Ред Бул, додека Серхио Перез од Рејсинг Поинт, кој се врати по паузата поради коронавирусот, успеа да дојде до четвртата позиција. Ферари повторно разочара, како и во дсегашниот дел од сезоната. Утре трката за ГН на Шпанија на патеката во Каталуња почнува во 15.05 часот.

Треба да се каже дека Хамилтон денеска дојде до петтата своја полпозиција во својата кариера во Каталуња, и вкупно 92-та.

Значи Хамилтон, Ботас, Верстапен, Перез. Тоа се возачите кои утре ќе стартуваат од првите две стартни линии за ГН на Шпанија.