Без никаква намера да навредиме било кого, но она што го видовме вчера во Кратово, навистина ни беше интересно. А тоа е како тоа организаторот на овој натпревар ги одбележува белите линии на теренот каде што се играше прволигашкиот меч меѓу Силекс и Пелистер, кое во некоја рака беше и дерби на колото. А се одбележуваа со КОНЗЕРВА. Не дека и на други места во Македонија е нешто подобро, но сепак ова е Силекс, ова е тимот кој што ја претставува Македонија во Лигата на Шампионите. Па мора малку и да се внимава на деталите, нели.