Долго време ќе се зборува за говорот на Иван Чупиќ на полувремето против Барселона во полуфиналето на последната завршница во Лигата на шампионите. Втората златна генерација откри дека токму хрватскиот ракометар бил главниот мотиватор по големата негатива против каталонскиот гигант. Ситуацијата во „Ланксес Арена“ ја споредил со пресметката против Е.Пелистер.

„Пред десет дена во Битола, на полувреме губевме девет разлика од Еурофарм Работник, па победивме. Можеме и денес“, биле зборовите на искусниот ракометар.

Но, вечерва неговите зборови не ги разбудија останатите ракометар, едноставно Вардар беше во друга димензија, на крајот мораше да се помири со поразот.