Сити испадна од Лион во четвртфиналето во ЛШ, и оваа сезона Пеп Гвардиола и “граѓаните“ нема да дојдат до толку посакуваниот пехар.  Французите беа подобри и победија со 3:1.

За разлика од некои други од неговиот тим, Кевин де Брујне беше голем во поразот и не сакаше да го обвини ВАР-от за поразот, рече дека едвај чека да оди дома.

“Ова беше неверојатна сезона која заврши со пораз од Лион. Јас и онака сакам да одам дома што побргу, сопругата ми е трудна, и само тоа ми е во мислите. Мислам дека Стерлинг мораше да постигне гол, ќе беше 2:2 и веројатно ќе победевме. Но, тоа е фудбал. Понекогаш решеваат ситници,мали детали. Јас не видов некои спорни ситуации“ изјави Де Брујне.