Возачот на Дукати, Андреа Довициозо триумфираше по третпат во последните четири години на Австриското Гран При, кое денеска се возеше на патеката во Шпилберг. Четвртата трка од првенството во Мото ГП, беше обележана со тежок инцидент во осмиот круг меѓу Зарко и Френк Морбидели.

Довициозо, кој само еден ден претходно објави дека го напушта Дукати на крајот на сезоната, стигна до својата прва победа сезонава на „Ред Бул ринг“, а 15-та во кралската класа. Второто место вод раматичен финиш го освои Хоан Мир на Сузуки, додека трет беше возачот на Дукати, Џек Милер.