Е.Пелистер и Вардар го дадоа потребниот шмек на струшкиот турнир, одиграа неизвесен натпревар, како што доликува на едно финале. Иако и двата тима имаат многу да поправат пред вистинските возбудувања, сепак конечно видовме поинаква борба. На крајот победа ја однесе Е.Пелистер, кој славеше со 23-26 (13-13).

Наместо мирна завршница, во последните 30 секунди настана мала мешаница на теренот. Талески влезе во дуел со Кушан, Столе тргна да ги раздели, настана мешаница. Талески доби црвен картон, додека капитенот на Вардар син, ова значи ќе биде поведена постапка против него.

Вардар благодарение на расположениот Борко Ристовски, поведе со 3-6 и 4-7, но не успеа да го задржи ритамот. Мандалиниќ израмни на 8-8 за еден поинаков тек. Е.Пелистер доби сила, со серија од 3-0 поведе со 11-9. Актуелниот првак се врати, на одморот беше 13-13.

Вардар тргна со играч помалку, на другата страна избраниците на Жељко Бабиќ брзо казнија, поведоа со 16-17 во 35. минута, па со 16-19. „Црвено-црните“ влегоа во серија грешки, нападот беше катастрофален, го прифатија ритамот на Е.Пелистер. На средината на второто полувреме битолчани зголемија на 17-21, а потоа и на највисоки 18-23.

Алушовски повика тајм-аут, но не вроди плод, неговите момци ќе мора што поскоро да се соберат. Желбата на Е.Пелистер беше поголема, избраниците на Бабиќ беа помотивирано, но и гладни за триумф и тоа над европскиот првак.

На оваа средба со составот на Вардар не беа Кристијан Дисингер и Робин Катрегел.