Првите кадровски промени по понижувачката елиминација во ЛШ, раководството на Барселона ќе ги донесе во наредните денови. Еден од првите чекори, без разлика дали ќе се распишуваат избори сега или подоцна, е да се исчисти тимот од непотребните. Спортскиот оддел има список од седум играчи кои нема да останат на „Камп Ноу“ и следната сезона. Еден од нив е секако Артур Мело, кој веќе го затвори трансферот во Јувентус.

Покрај него има уште шест имиња на кои веќе им е најавено да и ги пакуваат куферите. Хрватот Иван Ракитиќ ќе биде следниот, по него и Данецот Бретвеит, Артуро Видал, Жуниор Фирпо,  Самуел Умтити и Усман Дембеле.

Весникот „Ас“ пишува дека покрај овие 7 имиња кои по секоја цена си одат од Барса, каталонците имаат уште пет други имиња кои ќе бидат ставени на разгледување, па ништо чудно доколку и некој од нив добие „клоца“. Сомнителни за останување се и Нелсон Семедо, Луис Суарез, Нето, Серхи Роберто и Антоан Гризман. За нив ќе се чекаат добри понуди, кои ако навистина стигнат, Барса нема да се двоуми да ги продаде.