Кике Сетиен повеќе не е етренер на тимот на Барселона, а Роналнд Куман е најсериозниот кандидат да ја преземе оваа функција.

По дебаклот против Баерн Минхен, во Барселона се одлучија очигледно да реагираат брзо, па Куман синоќа веќе пристигна на преговори. Иако Холанѓанецот е под договор со федерацијата и ја обавува функцијата селектор, тоа веројатно е најмал проблем во моментов.

Куман би требало да го преземе веројано најпроблематичното работно место во светскиот фудбал во моментов, затоа што во таборот на  Барселона има огромен број на неодговорени прашања, на кои треба да се најде решение веднаш.