Тренерот на Манчестер Јунајтед, Оле Гунар Солскјер по вчерашниот пораз од Севиља во полуфиналето од Лугата на Европа истакна дека воопшто не е разочаран со оглед на фактот како неговиот тим одиграл на терен.

„Доколку ги искористевме шансите исходот на мечот ќе беше понаков. Екипата  е млада, и мора да научиме како да победуваме. Голманот на Севиља имаше фантастичен меч, а ние нема од што да се срамиме. Одигравме добро. На самиот крај се виде дека противникот едвај имаше сили да го доврши мечот, и физички и ментално“  – изјави Солскјер.