Ерик Абидал повеќе не е веќе технички секретар во Барселона. Клубот и Французинот постигнале договор за раскинување на соработката.

Одлуката е дел од реструктуирањето што каталонскиот тим го презема по катастрофалната сезона која останува зад нив. По заминувањето на тренерот Кике Сетиен, Абидал е вториот човек кој добива „клоца“.

„ФК Барселона и Ерик Абидал постигнаа договор за раскинување на соработкатат што ги обедини двете страни. Клубот јавно искажува благодарност до Абидал за професионалноста, посветеноста, и позитивниот и близок третман што тој секогаш го покажувал кон сите што го сочинуваат семејството Барса, и му посакуваме среќа и успех во иднина“, се вели во клупското соопштение.