Остануваат уште два дена до завршницата во Лигата на шампионите. Во финалето ќе гледаме спектакуларно фудбалско надмудрување, силите ќе ги одмерат Баерн Минхен и ПСЖ.

„Светците“ се подготвуваат за своето прво финале, но во Франција на сето ова се гледа поинаку. Ривалите не се најсреќни, особено во Марсеј.

Според тамошните медиуми локалната управа на овој град им забрани на своите граѓани да ги носат дресовите на ПСЖ во недела за кога е закажано финалето. Чудно, но вистинито, тоа ќе биде против законски.

Овие два тима се големи ривали, па ова ривалство оди до таа мера што градот забрани славје низ улиците на Марсеј доколку ПСЖ го освои пехарот во Лигата на шампионите.