Келце со победа ја заврши турнејата во рамките на подготовките за новата сезона. Полскиот тим во последниот меч го совлада Веспрем на гости со убедливи 29-32 во доста возбудлив натпревар.

Прво име во таборот на Келце беше Алекс Душебаев, кој постигна седум гола, еден помалку имаше Игор Карачиќ, на другата страна македонскиот репрезентативец запиша три погодоци.

Дуелот почна во знакот на гостите, поведоа со 0-3, но домашниот состав брзо се врати и поведе со 6-5, до крајот на првото полувреме имаше изедначена битка. Келце на одморот имаше минимални 16-17.

Во ист ритам продолжи и вториот дел, до средината ниту еден од двата тима не поведе со повеќе од еден гол. По што момците на Талант Душебаев имаа на двапати плус два (22-24 и 25-27), пред крајо со серија од 3-0 поведоа со 28-31 и не дозволија пресврт.