Едисон Кавани повеќе од месец дена е без клуб, тој не ја продолжи соработката со ПСЖ за да игра во Лигата на шампионите. 33-годишниот напаѓач беше поврзуван со Интер и Атлетико Мадрид, но во последните неколку недели како главен фаворит беше Бенфика.

По неколку неделни преговори стигна разочарувачка информација од Лисабон, двете страни не се договориле, а причината е сумата која Кавани ја барал од челниците.

Според тамошните медиуми тој побарал тригодишен договор вреден 20 милиони евра, нешто што Бенфика не може да си го дозволи. Се обиделе да ја намалат сумата, но Кавани не се согласил.

Во клубот се крајно разочарани од односот на искусниот фудбалер, од кого не очекувале дека има високи барања со оглед на тоа дека во ПСЖ заработи вистинско богатство. Останува во скоро време да видиме кој тим ќе ја исполни желбата на Кавани.