Добро е познато дека голем дел од натпреварите во целиот свет засега се играат без публика. Но, се чини вака не беше на финалната пресметка во Лига Европа. Во отсуство на вистинските фанови, се пуштаат звучни ефекти од навивање и слично, но синоќа можеше да се забележи поинаква атмосфера.

Се претпоставува дека неколку навивачи на Севиља облечени во костуми успеале да го излажат обезбедувањето. Тие гласно ги бодреа своите момци во текот на целиот меч.

Дали навистина се фанови или пак членови на шпанскиот тим останува да биде познато наскоро…