Мото Гп шампионатот денеска ја имаше една од највозбудливите трки во последните неколку сезони. Со финиш кој ќе се прераскажува многупати.

Победник во Кралската класа е Мигел Оливеира, кој на само стотина метри го целта беше трет, но со прекрасен маневар на последната кривина изби прв и сензационално победи. За главната позиција се бореа Џек Милер и Пол Еспаргаро, но обајцата имаа контакт загубија позиција, а тоа го искористи Оливеира. На крајот Милев беше втор, Еспарарго трет.

Трката ја одбележа и инцидентот на Доминик Вињалез кому му откажаа сопирачките и имаше спектакуларен пад.