ПСЖ и оваа година не успеа да ја освои ЛШ. Нејмар и неговите соиграчи стигнаа на чекор до европскиот врв, но потклекнаа пред германскиот великан.

По мечот, многу играчи на ПСЖ паднаа на тревата, а некои како Нејмар пролеаја и по некоја солза. Во својата кариера, Нејмар, кој е најскапиот фудбалер на сите времиња, освои само една титула во Лига на шампиони, во 2015 година со Барселона.