Оваа година во финалето на ЛШ играа Баерн и ПСЖ и победија „Баварците“ со 1:0 и го кренаа пехарот, а истовремено станаа единствениот клуб кој стигнал до пехарот со сите победи (11).

Сумата која ќе ја добијат финалистите во ЛШ оваа сезона е рекордна. Баерн ќе заработи околу 130 милиони евра, а ПСЖ ќе добие 134 милиони евра, а сумата е повисока затоа што Франција има појаки телевизиски права за ЛШ, пренесува „Swiss Ramble“.

Пред почетокот на сезомната Баерн беше трет на ранкинг листа на УЕФА и за тоа ќе добие 33,2 милиони евра, а ПСЖ како седмопласиран ќе добие 28,8 милиони евра. Само од телевизиските права Баерн ќе добие меѓу 11-12 милиони евра, додека ПСЖ околу 25 милиони евра. Останатите пари ги добиваат по резултатите.

Како споредба, пред седум години Баерн за освојување на Лигата на шампионите доби вкупно 107 милиони евра.