Хрватскиот репрезентативец Марсело Брозовиќ, ова лето би можел да го напушти Интер и да ја продолжи кариерата во европскиот шампион Баерн, пишуваат италијанските медиуми.

Првите луѓе на Интер и Баерн, наводно, се состанале во Германија минатата недела за да разговараат за трансферот. Според медиумите во Италија, Брозовиќ би се преселил во Баерн, додека Тијаго Алкантара, кој исто така е мета на Ливерпул, би змаинал на „Сан Сиро“.

Хрватскиот играч од средниот ред е обврзан со договор со Интер до 2022 година, со клаузула од 60 милиони евра. Се очекуваше дека Интер ќе му понуди на Брозовиќ нов договор, особено што тој е во клубот веќе пет и пол сезони и има статус на заменик капитен. Сепак, Интер засега молчи.