Челниците на УЕФА сè уште не се решиле како ќе ја решат ситуацијата околу неодиграниот натпревар од првото коло во квалификациите за Лигата на шампионите, меѓу Клаксвик од Фарските острови и Слован од Братислава, Словачка.

Натпреварот беше закажан двапати и двапати беше откажан, бидејќи прво физиотерапевтот, а потоа и двајца членови на екипата од Словачка беа позитивни на тестовите што беа направени во Торшавн.

Поради тоа, локалните власти целата експедиција на Словаците ја ставија под карантин, а на тимот не му беше дозволено да го игра мечот во вторник или сабота. Ситуацијата сега е уште покомплицирана по соопштението на Слован, во кое се вели дека сите играчи и членови на стручниот штаб биле негативни на тестовите што биле направени при нивното враќање од Фарските острови.

Слован го обвини Фараните за фалсификување на резултатите за да не се одигра натпреварот.

„Резултатите покажуваат дека сме биле во право. Властите во Фарските острови намерно не дозволија да се одигра натпреварот. Ние ги испративме резултатите од тестовите до УЕФА, како аргумент да нè заштити од измамата на Фарските острови”, рече директорот на клубот, Иван Кмотрик.