Да не беше откажан „Балон д’Ор 2020“, наградата дефинитивно ќе му припаднеше на полскиот напаѓач Роберт Левандовски. Фудбалер на Баерн Минхен имаше одлична сезона со тоа што реализира 55 голови во 46 натпревари.

Лева оваа сезона со Баерн се закити со тројната круна: Бундес лигата, Купот на Германија и со Лигата на шампионите.Но Левандовски со години е при врвот на листата на најдобри фудбалери, но оваа сезона дефинитивно го достигна зенитот иако наскоро ќе наполни 32 години.

Причината за формата и тоа што го прави најдобар веројатно лежи во начинот на живот. Тој има посебни ритуали околу спиење, јадење…

p1egdv4s8m1ap9vd887n1q4uc6p9.jpg

На пример секогаш прво го јаде десертот, пред главното јадење. Неговите соиграчи сметаат дека тоа е малку чудно, но има и причина зошто е тоа така. Неговата сопруга Ана, спортистка и експерт за исхрана има теорија дека слатката храна побрзо се вари. Па така после десертот, Левандовски избегнува мешање на слатката храна во стомакот со протеините и јаглехидратите при оброкот.

Суперѕвездата на Баерн спие само на левата страна по препорака на терапевт за спиење. А зошто? Затоа што тоа наводно за посилна десна нога.

Полјакот секогаш ги облекува чевлите/патиките/копачките прво на левата нога, а потоа на десната. Тоа не е се. Тој исто така поминува извесно време пред компјутер поточно комплетира комјутерски вежби за тренинг на мозокот за да го задржи фокусот и да биде ментално силен. За разлика од многу фудбалери тој не игра видеоигри, туку го поминува времето читајќи книги.

Кога бевме на одмор, тој читаше книги за дишење. Дури и тогаш беше јасно дека тој сака да биде различен“, се сеќава Иван Ѓурѓевиќ негов поранешен соиграч од Лех Познањ.