Босанскиот преставник во Лигата на Европа, Железничар, најверојатно нема да добие можност да го одигра утрешниот меч од квалификациите против израелска Макаби Хаифа, откако се појавија нови позитивни тестови на членовите на експедицијата на сараевчани.

Имено, познато е дека шестмина играчи на Железничар не отпатуваа во Израел, затоа што се покажа дека се позитивни за коронавирусот, а оние кои заминаа, денеска беа повторно тестирани во Хаифа.

Израелските медиуми објавија дека натпреварот е под знак прашалник, бидејќи тестовите направени денеска покажале уште четворица играчи на Железничар кои се позитивни на Ковид-19.

Железничар е комплетно изолиран во хотелот, а вечерашниот тренинг е одложен. Фудбалската асоцијација на Израел објави дека најверојатно утрешниот натпревар меѓу Макаби и Железничар воопшто нема да се игра.