Бен Чилвел и официјално е нов играч на тимот на Челзи. Бекот е претставен како најново засилување на тимот од Стемфорд Бриџ во трансфер вреден 50 милиони евра.

Договорот е со важност од пет години, а Чилвел беше еден од најбараните бекови низ Европа ова лето.

Лестер добива сериозна сума на пари со кои летово дополнително ќе го засили својот тим.