Во мирна, релаксирана па и опуштена атмосфера, момците на стратегот Муарем Бајрами вечерва на “Бакчел Арената“ во Баку го одработија последниот тренинг пред утрешниот натпревар од 1.квалификациско коло во Лигата на Европа. Нашиот тим многу добро знае утре со кого ќе си има работа, се знае кој е фаворит, но чаирчани во далечниот Азербејџан не отидоа да го видат само Баку и да се вратат. Тие имаат намера да одиграат најдобро што можат, а можат и тоа како со оглед на формата во која се наоѓаат, и со триумф ги израдуваат верните “шверцери“ кои во Скопје ќе очекуваат добри вести од Баку.