Францускиот репрезентативец и член на Манчестер Јунајтед Пол Погба се заразил со коронавирус КОВИД-19 и поради тоа е во самоизолација, а притоа селекторот на француската репрезентација Дидие Дешамп мораше да го избрише од списокот на фудбалери за престојните натпревари од Лигата на нации против Шведска (5 септември) и Хрватска (8 септември).

Дешамп место Погба во националниот тим го додаде Едуардо Камавинга од Рен, кој воедно е син на неговиот асистент.

„Рен е сосема поинаков тим со него. Ќе го видите како игра и ќе разберете зошто“, образложи Дешамп.

Инаку тој во репрезентацијата ги повика дебитантите Дајо Упамекану и Хусем Оар, а реши да не го повика Танги Ндомбеле.