Фудбалски празник за Колрејн, а темница за Марибор. Колрејн, полуаматерска екипа успеа да го елиминира словенечкиот гигант од Лига Европа и тоа на „Људски врт“. Сензација за нив, а кошмар за Марибор кој го доживеа најсрамниот пораз во историјата.

Северноирците во Марибор дојдоа на екскурзија. Јасно дека се аутсајдери, а интересна фотографија кружи на интернет кога во пенал серијата играчите на Колрејн се прегрнаа меѓу себе, а се гледа дека не грижат премногу за физичкиот изглед (што е нормално со оглед на тоа дека се полуаматерска екипа, што значи дека дел се професионални фудбалери, а дел се аматери односно си имаат друга работа, а фудбалот им е како рекреација). Дел од нив премногу се опуштиле и дресовите им се залепиле за стомаците.

choleraine

Ова е вистинска потврда дека никој, никогаш не треба да се потценува. Без разлика кој е на спротивната страна. Во денешно време секој игра фудбал. Некој со една тактика, некој со друга, некој со трета… Ирците удрија со најсилното оружје. Чести фаули и прекини, сецкање на играта и обиди да се загрози противникот од слободни удари. Поведоа после една мешаница, но Марибор бргу го изедначи резултатот. И така се држеа до крајот, во продолженијата издржаа иако домашните шутираа и пенал. Дојдоа во пенал рулетот и ги реализираа сите удари од белата точка (5:4).

Дека Колрејн во Словенија дојдоа како туристи потврдува и податокот дека тренерот Оран Керни си го донел синот кој има девет години и кој седеше на клупата за резервни играчи.

На клупата го имав синот кој е луд за фудбалот. Го земав ја да му ја разбудам љубовта кон фудбалот, а со оглед на тоа како се одвиваа работите, мислам дека ова искуство никогаш нема да го заборави“, изјави Керни.

Coleraine job far from child's play for Oran Kearney as Bannsiders prepare for Linfield visit - BelfastTelegraph.co.uk