Вардар 1961 е на нова завршницата во СЕХА-лигата, каде е бранител на титулата. Избраниците на Стевче Алушовски вечерва одиграа под очекувањата, среќно во самиот финиш успеаја да загубат со еден гол разлика (25-26) доволно за пласман меѓу четирите најдобри екипи во регионалното натпреварување.

Тренерот на „црвено-црните“ признава дека биле посреќни, но верува дека ќе научат од грешки и неговиот тим нема да делува неодговорно на теренот.

„Што да кажам, бевме посреќен тим од Нексе. Бевме многу неодговорни во ситуациите седум на шест, кога ја освојувавме топката. Мислам дека е недопустливо за Вардар кој има големи амбиции, но и за знекои играчи да се однесуваат вака неодговорно. Мора да учиме од грешките, и да одиме од ден во ден за да играме подобро. Ме радува фактот дека Дисингер е оној стариот, добивме некој шут од бековската позиција. Во второто полувреме за 21 минута дадовме 21 гол, фрливме топки во бунар. Таков е спортот. На момците им го честитам фајнл-форот и се надеваме дека таму ќе бидеме подобри“, изјави по мечот Стевче Алушовски.