ФК Вардар е најдобриот тим за изминатата натпреварувачка сезона во македонскиот фудбал. Денеска, пред мечот против Работнички, според многумина исправена е една непревда, и на Вардар му е доделен пехарот за првопласиран тим во сезоната 2019/2020 година во домашниот македонски фудбалски шампионат.

Во присуство на сегашниот состав, во кои има само дел од играчите кои настапуваа изминатата сезона и беа дел од тој тим кој заслужено беше најдобар во домашниот шампионат, комесарот за делегирање при ФФМ му го додели пехарот на капитенот на „црвено – црните“ Дарко Мицевски.