Вардар 1961 вечерва (20:15 часот) во СЦ „Јане Сандански“ ќе го брка деветото учество на фајнл-фор завршницата во СЕХА-лига, заедно со ППД Загреб се единствените тимови кои биле на сите завршни турнири во ова натпреварување.

Македонскиот тим, кој е актуелен првак, постави тешка задача на останатите екипи, Вардар 1961 е единствен со пет титули во регионалната лига. Првата четвртфинална пресметка заврши со гол победа во корист на „црвено-црните“, но разлика од тогаш Вардар 1961 на теренот ќе излезе со променет состав. Сето ова не го менува фактот дека се големи фаворити, очекувањата се едноставни – заверка на билетот за Задар.

Првиот голман, Борко Ристовски вели дека ќе биде тешко, но очекува оваа прва официјална битка по долгата пауза да заврши со победа на неговиот тим.

„Пoсле една долга пауза не чека меч што ќе биде нeзгоден. Нема да биде можеби убав натпревар за гледање, таму победивме со еден гол, но тоа ништо не гарантира. Ние сме екипа во создавање, тие се долго време заедно. Не чека тежèок меч за играње. Треба да бидеме претпазливи, нема да биде лесно. Ова е прв меч и се ќе биде поразлично. Ако сакаме да ја почнеме сезоната како што сакаме треба да бидеме целосно сконцентрирани на противникот. Тие играат 7 на 6, ќе имам доста работа за одбраната и голманите. Ќе треба доста работи да завршиме, но се зависи од нас. Одбраната досега беше подобар и постабилниот дел од екипата, треба да се подобри уште, но сме квалитетни и сме стабилизирани. Не смее да се промашуваат чистите позиции што досега го имавме. Играчите што сега ги има Вардар знаат како да ја наместат формата“, вели Борко.

Публика нема да има, засега има забрана за присуство на фановите во Македонија.