Голем пех за нашиот автомибилски ас Игор Стефановски – Иџе. Имено тој не успеа да ја заврши трката на патеката во Имола во шампионатот на ТЦР Италија. Иџе старруваше како шести, но многу брзо се најде на третата позиција и тогаш излета од патеката, тоа се случуваше во шестуот круг. Штета, Иџе имаше во тој момент пласман за подиум. Ова беше прва трка, а втората ќе се вози утре.

Ристе Вуков пак исто беше малерозен. Тој пак на трката на патеката „Енцо и Дино Ферари“ во шампионатот Порше Карера ГТ Италија, исо така не дојде до целта. Во еден момент му пукна гума на неговото возило и мораше да се откаже.

И тој утре ќе вози во втората трка во овој шампионат.