Домашниот велосипедист Жулиан Алафилип е победник на втората ера на 107. издание на Тур де Франс. Со денешната победа, Французинот ја преема жолтата маичка и лидерската позиција во генералниот пласман.

Алафилип дојде до победата со одличен финиш пред Швајцарецот Хирш. Французинот 186 километри долгата полу-ридска етапа во Ница ја мина со време од 4:55,27 часа, што беше доволно тој да го преземе лидерското место од вчерашниот победник на премиерната етапа, Норвежанецот Криштоф.