Напаѓачот на Јувентус, Гонзало Игуаин од Италија заминува за САД. Според информација на медиумите блиски до Јувентус, Аргентинецот ќе го следи потегот на неговиот колега Блез Матуиди и да ја продолжи кариерата во Интер од Мајами.

Станува збор за тим кој е под раководна палка на легендата на англискиот фудбал, Дејвид Бекам и е најмладиот тим во МЛС лигата.

Новиот тренер на „Старата дама“, Андреа Пирло потврди дека му кажал на 32-годишниот Аргентинец дека нема да смета на него следната сезона, а тоа е причина Игуаин да си бара нов клуб.